Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 4 учесници за Еразмус+ обука „Compass Human Rights Education Training“, која ќе се одржи во ASHA Centre, Глостер, Англија од 7-ми до 16-ти декември 2021 година.
Compass е долгорочна програма за обука на младински работници и младински лидери од Италија, Шпанија, Финска, С. Македонија, Полска, Латвија, Србија и Велика Британија, чија цел е да се развие прирачникот Compass, издаден од Советот на Европа.
Проектот ќе понуди сеопфатна програма за обука и поддршка на сите учесници, од нивно запознавање со човековите права и неформалното образование, обука за употреба на прирачникот „Compass“ и имплементација на локални активности, како и евалуација и проценка на влијанието од учењето.
Специфични цели на проектот се: зголемување на компетенциите на младинските лидери, младинските работници и едукаторите во областа на образованието за човекови права, обука на учесниците за користење на прирачникот „Compass“, вклучување на човековите права во младинската работа и развој на идни проекти поврзани со човековите права во партнерските земји, зголемување на меѓународната димензија на младинската работа, особено во однос на образованието за човекови права.
Услови за учество:
- Учесниците треба да се постари од 18 години и имаат претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на обуката
- Мотивираност за зголемување на знаењата во областа на едукација за човекови права и подготвеност за учество во сите активности на обуката
- Подготвени да организираат активности за дисеминација (работилници или настани) во своите заедници по обуката
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност пред почетокот на обуката (потребно за виза)
Сите трошоци за сместување, храна, виза и тестови за КОВИД-19 се целосно покриени од организаторите, како и 90% од патните трошоци (до максимум 360€). Рефундацијата на трошоците за виза, пат и тестови ќе биде направена во кеш за време на обуката.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 800 денари на сметка на здружението како котизација за учество.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на размената, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Обука во Англија“.
Учество може да земат само целосно вакцинирани апликанти (со Pfizer, AstraZeneca, Moderna или Jansen) со поминати 14 дена по примање на втората доза поради рестриктивните мерки кои важат за патување на Македонци во Англија.
