Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 2 учесници за Еразмус+ семинар „Solidarity Phase“, кој ќе се одржи во Лече, Италија од 18-ти до 22-ри октомври 2021 година.
Solidarity Phase е 4-дневен семинар на кој ќе учествуваат 30 младински работници од 14 европски земји. Семинарот има за цел да одговори на потребата што се појави во организацијата-домаќин за време на фазата на затворање, поточно „социјално дистанцирање“, предизвикана од здравствената вонредна состојба со КОВИД-19. Здравствениот вонреден случај брзо се претвори во социјален и економски вонреден случај. Како младински работници, се запрашавме каква треба да биде нашата улога во овој контекст, како треба да се прилагоди нашата работа и нашите методологии за да одговориме на потребите на целните групи со кои работиме и кои мерки може да се преземат за да се спречат или ограничат епизодите на социјално исклучување поради економски, социјални и културни разлики.
Силно убедени во потребата од континуиран и конструктивен дијалог со други организации и младински работници посветени на социјалната вклученост на мигрантите, сметаме дека е соодветно да се организира транснационален семинар за споделување практики, методологии, алатки и идни проекти. Семинарот има за цел да ги анализира социјалните ефекти на КОВИД-19 во различните европски региони, и оние предизвикани директно од здравствената вонредна состојба и оние предизвикани од последователниот период на социјално дистанцирање, и да промовира и сподели добри практики спроведени од вклучените организации.
Особено, сакаме да подвлечеме два аспекти за кои веруваме дека се интизивни и одлучувачки за развој на интервенции насочени кон социјално вклучување во периодот „по карантинот“:
- масовна употреба на Интернет и затоа намалување на директниот контакт со примателите на нашите интервенции;
- Ризикот од зголемување на епизодите на исклучување предизвикани од економски, социјални и културни разлики.
Услови за учество:
- Учесниците треба да се постари од 21 години и имаат претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Искуство во работа со мигранти, бегалци, баратели на азил и млади луѓе со миграциско потекло ќе се смета како предност
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на размената
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до максимум 180€) се целосно покриени од организаторите.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 800 денари на сметка на здружението како котизација за учество.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на размената, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Семинар во Лече“.
Предност за учество ќе имаат целосно вакцинирани апликанти поради безбедносни и логистички причини при патување во странство.
