ЦЕТ платформа во овој билтен ги анализира податоците добиени од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија за лица на кои им престанал работниот однос во време на КОВИД-19 пандемијата во периодот од 11 март до 30 септември 2020 година. Добиените податоци од јавен карактер се поделени по неколку основи: по престанок на работниот однос, по возраст, според центар за вработување и според претежните дејност на работодавачот.
Билтенот е дел од проектот „Заштита на младите работници во време на Ковид-19“ преку кој ќе ги мотивираме младите да ја разберат важноста од социо-економската сигурност која се гарантира со регулиран работен однос, но и за несигурноста и последиците кои произлегуваат од нетипичната работа. Проектот цели кон сервисирање на младите луѓе од 15 до 29 години со потребни информации за заштита и унапредување на работничките права, како и зајакнување на младинското учество и иницијативност за време на кризата предизвикана од Ковид-19.
Проектот е финансиски поддржан од Агенцијата за млади и спорт.
На следниот линк можете да го прочитате и превземете првиот билтен.