Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 3 учесници за Еразмус+ обука (training course) „Non Formal LAB Theatre Edition”, која ќе се одржи во Пресезано, Касерта, Италија од 2-ри до 8-ми мај 2024 година.
Овој проект се фокусира на неформалното образование (НФО) како моќен процес кој може ефикасно да се справи со потребите на младите, нудејќи различни пристапи кои обезбедуваат инклузивност и практично учење. Преку принципите и практиките на неформалното образование, проектот има за цел да овозможи простор за експериментирање и развој на различни компетенции како и меки вештини, и поттикнување мотивација за доживотно учење. Во овој контекст, нашиот проект има за цел да стане слободен простор за споделување, тестирање и понатамошно развивање на алатки, методи и техники во младинската работна пракса, конкретно фокусирајќи се на театарски методи и перформативни чинови. Ова е имплементирано најпрво, преку студиска посета (11-15 март 2024 година, во Шведска), креаирана со цел да се стекне практично искуство и реален пример на како работат искусни организации кои обезбедуваат активности засновани на театар, и тоа продолжува токму на овој тренинг курс , наменет за развојот на професионалните компетенции на младинските работници.
На обуката ќе земат учество 24 младински работници и младински лидери од Македонија, Италија, Шведска, Литванија Португалија, Грција, Романија и Полска.
Услови за учество:
- Постари од 18 години и претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на обуката
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот и за споделување на своето знаење и искуство
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
- Подготвеност да се организирана работилница во својата локална средина како последователна активност (follow-up) по завршувањето на обуката
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност пред почетокот на обуката (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 275€) се целосно покриени од организаторите. Учесниците ќе можат да патуваат со автобус, воз или приватно возило до местото на одржување на проектот, според правилото „Green Travel“ на програмата Еразмус+ и во тој случај патните трошоци (до 320€) се целосно покриени.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат и 1200 денари на сметката на ЦЕТ платформа како котизација за учество што ги покрива оперативните, административните и подготвителните активности на здружението поврзани со испраќањете на проектот.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на обуката, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Обука во Италија“.
