Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА – Скопје објавува отворен повик за 3 учесници од С. Македонија за Еразмус+ обука „Boosters of Youth Employability“, која ќе се одржи во Солун, Грција од 4-ти до 15-ти март 2020 година.
Обуката ќе го истражува феноменот на невработеност, особено младинската невработеност како еден од главните предизвици со кои денес се соочуваат Европските земји. На обуката ќе се разговара како младинските организации можат да го адресираат овој витален проблем преку младинска работа и неформално образование. Проектот ќе промовира младинско претприемништво како алатка за решавање на невоработеноста, а ќе се работи и на создавање на неформални активности кои ги подобруваат вештините и искуството на младите кои се потребни во денешната динамична економија.
На обуката ќе учествуваат 24 младински работиници и младински лидери од Грција, С. Македонија, Италија, Романија, Полска, Словенија, Кипар, Шпанија и Хрватска.
Услови за учество:
- Учесниците треба да се постари од 18 години и имаат претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на обуката
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци до 180€ се целосно покриени од организаторите.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 800 денари на сметка на здружението како котизација за учество.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на обуката, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Обука во Солун“.
