Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 3 учесници за Еразмус+ обука (training course) „Improdrama 3.0″, која ќе се одржи во Мурзасичле (Закопане), Полска од 7-ми до 15-ти март 2023 година.
Главната цел на проектот е да ја промовира и интегрира театарската методологија како неформална образовна методологија за зајакнување на младите во младинските организации, училиштата и универзитетите.
Обуката ќе им помогне на учесниците да ги развијат нивните компетенции за користење на методологијата на театарот, особено физичкиот театар, мимичкиот театар и визуелниот театар и ќе ги запознае со вредностите и принципите на искуствено учење како пристап на неформално образование за зајакнување на младите. За време на обуката, учесниците ќе имаат можност за креирање, развивање, спроведување и подобрување на едукативните активности за зајакнување на младите врз основа на театарската методологија, како и да дискутираат и развиваат начини за интегрирање на методологијата на театарот како неформални образовни активности во формалниот образовен систем.
На обуката ќе земат учество 30 младински работници и младински лидери од Македонија, Полска, Грција, Бугарија, Латвија, Италија, Хрватска, Романија, Шпанија и Португалија.
Услови за учество:
- Постари од 20 години и претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на обуката
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
- Подготвеност да се организирана работилница во својата локална средина како последователна активност (follow-up) по завршувањето на обуката (види во Инфопак на страница 20)
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност пред почетокот на обуката (потребно за патување)
- Предност ќе имаат кандидати кои покажуваат интерес во користење на театарски методи и да работат како младински тренери или фацилитатори на активности за млади
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 245€) се целосно покриени од организаторите.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 1200 денари на сметката на ЦЕТ платформа како котизација за учество што ги покрива оперативните, административните и подготвителните активности на здружението поврзани со испраќањете на проектот.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на обуката, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Обука во Полска“.
