Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 3 учесници за Еразмус+ обука (training course) „European Citizens for Global Responsibility – introduction to global education in youth work”, која ќе се одржи во Кшижова, Полска од 2-ри до 10-ти декември 2022 година.
Проектот „Европски граѓани за глобална одговорност – вовед во глобална едукација за младинска работа“ ќе ги зачне важните тековни прашања поврзани со културата, економијата, климата, миграционите процеси, како и активното граѓанство. Ќе обезбеди алатки за работа со различни целни групи, почнувајќи од деца на предшколска возраст па се до возрасни лица, овие алатки се доста интерактивни и едноставни за примена.
Целите на проектот вклучуваат продлабочување на знаењето за состојбата на младите ширум Европа и учење разновидна интерактивна методологија која се применува во неформалното образование. Се става акцент на суштинското влијание од нашите секојдневни активности и одлуки, додека се учат добрите практики на младинската работа како соработка, безбедно и пријателско опкружување. Проектот овозможува подлабоко разбирање на одговорностите на младинските работници во граѓанското образование на младите Европејци и глобалните граѓани како и новата Еразмус+ програма и нејзиниот потенцијал за поддршка на неформалното образование.
На обуката ќе земат учество 30 младински работници и младински лидери од Македонија, Грција, Чешка, Хрватска, Португалија, Литванија, Романија, Полска и Италија.
Услови за учество:
- Постари од 18 години и претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на обуката
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност пред почетокот на обуката (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 275€) се целосно покриени од организаторите.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 1200 денари на сметката на ЦЕТ платформа како котизација за учество што ги покрива оперативните, административните и подготвителните активности на здружението поврзани со испраќањете на проектот.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на обуката, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Обука во Полска“.
