Здружението за едукација и тренинг ЦЕТ ПЛАТФОРМА Скопје објавува отворен повик за 4 учесници за Еразмус+ обука (training course) „Opportunity and handicaps for NGOs/volunteers”, која ќе се одржи во Анкара, Турција од 24-ти до 30-ти ноември 2022 година.
Проектот планира да ја зголеми комуникацијата и соработката помеѓу невладини организации од Европа и да им даде можност да ја развијат својата постојна доволност за да имаат одржлива квалитетна работа. Дел од проектните цели се: да ги оцени административните, институционалните и финансиските капацитети на невладините организации на меѓународна сцена; да ги оцени институциите за успехот и неуспехот за можностите и хендикепите со кои се соочуваат; да ги оцени предлозите и меѓусебните очекувања на невладините организации и волонтерите; да ги научи и понуди иновативни перспективи и образовни методи; да направи меѓународни оценки за очекуваните работи/потреби на невладините организации; да ја подигне доволноста на полето на предлози за проекти, планирање, имплементација и дисеминација; да ги поттикне учесниците да создаваат повеќе проекти и активности за Еразмус+ програмата (за поддршка на зголемувањето на учесниците). Обуката ќе се реализира главно со користење на неформални образовни методи.
На обуката ќе земат учество 34 младински работници и младински лидери од Македонија, Турција, Литванија, Романија, Полска, Чешка, Италија и Словачка.
Услови за учество:
- Постари од 18 години и претходно искуство со младинска работа и неформално образование
- Способност за добра комуникација на англиски јазик кој е работен јазик за време на обуката
- Мотивираност и подготвеност за учество во сите активности на проектот
- Согласност да се почитуваат сите правила за проектот поставени од организаторите (види во Инфопак)
- Пасош кој има уште минимум 6 месеци важност пред почетокот на обуката (потребно за патување)
Сите трошоци за сместување и храна, како и патните трошоци (до 275€) се целосно покриени од организаторите. Рефундацијата на патните трошоци ќе биде во кеш во евра за време на обуката доколку се достават сите карти, сметки и докази за пат до организаторите.
Одбраните учесници ќе треба да уплатат 1200 денари на сметката на ЦЕТ платформа како котизација за учество што ги покрива оперативните, административните и подготвителните активности на здружението поврзани со испраќањете на проектот.
Доколку сте заинтересирани да учествувате на размената, најпрво внимателно прочитајте го инфопакот за проектот, па потоа пополнете го апликациониот формулар. Ве молиме да аплицирате само доколку сте 100% сигурни дека сте слободни да патувате и учествувате на проектните активности за време на планираните дати!
Доколку имате прашање или нејаснотии, контактирајте не на [email protected] со назнака (subject) „Обука во Анкара“.
