За остварување на визијата и целите на Здружението, ЦЕТ платформа ја утврди следната Програма за работа:
- Организирање и спроведување на работилници, обуки, настани и други облици на едукација за целните групи и пошироката јавност кои ги промовираат целите и активностите на Здружението.
- Организирање на волонтерски акции за подигнување на свеста за работи од општествен и јавен интерес, како и акции за активно учество на граѓаните во процесите на донесување одлуки.
- Поттикнување на иницијативи кај надлежните органи и институции во насока на остварување на целите на Здружението и јавниот интерес.
- Зголемување на бројот на членовите преку промовирање на организацијата на локални активности организирани од други здруженија на граѓани, како и промовирање преку социјалните мрежи.
- Барања за донации и оперативни грантови од домашни и странски организации, поединци, единици на локалната самоуправа, државните институции или домашни и странски програми заради обезбедување на средства за работа.
- Учество на проекти како партнерска организација и соработка со домашни и странски здруженија и организации, како и со преставници од граѓанскиот сектор кои имаат исти или слични цели и задачи како и ЦЕТ платформа.
- Испраќање на млади луѓе, младински работници и преставници на граѓански организации на проекти и активности организирани од страна на нашите странски партнерски организации.
- Присуство на семинари, конференции, тркалезни маси и слични активности кои обработуваат релеванти прашања за дејноста на Здружението на кои настапивме со свои предлози, знаења, идеи и сугестии.
- Развивање на соработка и склучување на партнерства со слични организации од земјава и од странство.