ЦЕТ платформа заедно со Форумот за образовни промени, од 1-ви до 4-ти декември 2022 година, во Крушево, го спроведоа младинскиот проект “Stronger Together – Ethnicity Peacebuilding (STEP)”. Проектот вклучи 22 млади луѓе, на возраст меѓу 18 и 30 години од различни етнички групи кои беа едуцирани за концептите на интеркултурно учење и човекови права со фокус на градењето мир.
Во Северна Македонија, постои огромна поделба на различните етнички групи, па главната цел беше да се зголеми свеста за богатството на заедничкиот живот, да се запознаат учесниците меѓу себе и да го подобрат начинот на однесување и толеранцијата кон припадниците на различните етнички групи кои живеат во нашата држава, во овој случај меѓу младите Македонци, Албанци, Турци и Роми.
Програмата траеше 3 дена и преку методологијата на неформално образование ги опфати темите на меѓукултурен дијалог, решавање на конфликти и градење на мир. Учесниците исто така користеа интеркултурен дијалог за поддршка на кршењето на стереотипите и промовирање на толеранција, прифаќање и вредноста на различностите.
Проектот успеа успешно да ја подигне свеста кај младите за интеркултурно учење и почитување на човековите права со фокус на градењето мир – преку инклузивна и интерактивна методологија. Проектот го зголеми меѓукултурниот дијалог на учесниците што придонесе за рушење на стереотипите и промовирање на толеранција и ценење на различноста, истовремено охрабрувајќи ги младите учесници да се вклучат во процесите на градење на мирот.
Како резултат на проектот, учесниците создадоа видеа со пораки кои имаа за цел да ги разбијат стереотипите што се поставени меѓу етничките групи кои живеат во Северна Македонија.
This project is sponsored by the International Visitor Leadership Program (IVLP) Impact Awards Initiative and the IVLP Impact Awardee Blagica Eftimova. This global initiative is implemented by Meridian International Center, in partnership with the U.S. Department of State Bureau of Educational and Cultural Affairs.