Дали сакате да поминете неколку денови во странство учејќи на теми поврзани со младинска работа, да ги развиете и подобрите вашите вештини, а истовремено да споделите искуства со младински работници од други земји? Дознајте повеќе за мобилноста на младински работници и како да учествувате во нив.
Што е мобилност на младински работници?
Овие активности го поддржуваат професионалниот развој на младинските работници, преку имплементацијата на активности како што се меѓународни семинари, курсеви за обука, контакт-настани, студиски посети, активност за градење партнерства, итн., како и работа во сенка/периоди на опсервација во странство во организација активна во областа на младите. Мобилностите може да траат од 2 дена до 2 месеца, но вообичаено траат од 5 до 8 денови.
Сите овие активности може да бидат скроени и комбинирани според потребите и посакуваниот ефект идентификуван од организациите-учеснички при составувањето на проектот. Професионалниот развој на младинските работници треба да придонесе кон градењето капацитети за квалитетна младинска работа на нивните организации и треба да има јасен ефект на редовната работа на младинските работници кога работат со млади. Резултатите од учењето, вклучувајќи ги сите материјали и иновативни методи и алатки, треба да бидат натаму дисеминирани во областа на младите за да придонесат во подобрувањето на квалитетот на младинската работа и/или да негува развој на младинска политика и соработка. Исто така, се поддржува размената на искуства, експертиза и добри практики помеѓу оние кои се активни во младинската работа и младинските организации, како и активностите кои може да доведат до основање на долготрајни, високо квалитетни проекти.
Процесот на учење кај мобилноста на младински работници се остварува со помош на методи за неформално образование. Мобилностите на младински работници се базираат на транснационални соработки меѓу две или повеќе организации-учеснички од различни држави од Европска Унија и надвор од неа.
Видови на мобилност за младински работници:
- Семинар (seminar) – Настан кој е организиран за да се обезбеди платформа за дискусија и размена на добри практики, врз основа на теоретски информации, околу избрана тема или теми кои се релевантни на полето на младинската работа.
- Курс за обука (training course) – Образовна програма за учење на конкретни теми, која има за цел да ги подобри способностите, знаењето, вештините и ставовите на учесниците. Курсевите за обука водат кон високо квалитетна пракса во областа на младинската работа генерално и/или поконкретно за проекти од Програмата Еразмус+.
- Работа во сенка/периоди на опсервација (job shadowing) – Краток престој во партнер организација во друга земја, со цел да се разменуваат добри практики, да се стекнат вештини и знаење и/или градење на долготрајни партнерства преку партиципативно набљудување.
- Практична посета (study visit) – Краток состанок со потенцијалните партнери за да се истражи и/или подготви потенцијален транснационален проект. Практичните состаноци имаат за цел да ја подобрат и развијат постоечката соработка и/или да се подготват за иден проект во рамките на Програмата Млади во Акција.
- Студиска посета – Организирана студиска програма, за краток период, која нуди преглед на младинската работа и/или одредбите на младинската политика во една земја. Студиската посета е фокусирана на одредена тема, и се состои од посети и состаноци за различни проекти и организации во одредена земја.
- Активност за градење на партнерства – Настан кој е организиран за да им се овозможи на учесниците да најдат партнери за транснационална соработка и/или за развој на проект. Притоа се поврзуваат потенцијалните партнери, и се олеснува развојот на нови проекти на одредена избрана тема и/или акција во рамките на Програмата Еразмус+.
- Состанок за евалуација (evaluation meeting) – Состанок кој е планиран со партнерите, со цел да се направи евалуација на претходни состаноци, семинари, курсеви за обука. Ваквите состаноци им помагаат на партнерите да ги оценат и дискутираат потенцијалните последователни активности, откако ќе се зафатат со заеднички проект.
Кој може да учествува?
Оние кои се активни во областа на младинската работа и младинските организации на ова поле, особено лидери на проекти, советници на млади и лица за мониторинг на овие проекти. За учество на мобилност на младински работници нема возрасна граница, меѓутоа учесниците треба да се постари од 18 години. Мобилностите за младински работници вклучуваат до максимум 50 учесници (вклучувајќи, онаму каде што е тоа релевантно, обучувачи или олеснувачи) во секоја активност планирана во проектот.
Како може да дознаам кога се бараат учесници за мобилност на младински работници?
Можете да ја контактирате Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност или различни локални организации кои што работат со Еразмус +. Исто така можете да најдете информации или нови повици на специјалните веб страни како и преку социјалните медиуми, На пример можете да ги следите нашите повици за учесници на нашите веб, фејсбук и инстаграм страници.
Што треба да направам за да земам учество?
Потребно е да ја контактирате организацијата и им дадете до знаење дека сте заинтересирани да учествувате или го пополните нивниот апликационен формулар. Доколку има многу кандидати, организацијата може да побара од вас да ја испратите вашата кратка биографија и мотивационо писмо. Обрнете доволно внимание и посветете време во апликациониот формулар да ја искажете добро вашата мотивација за учество и зошто баш вие треба да бидете одбрани како учесник, бидејќи вообичаено тоа е главниот механизам за селекција.
Доколку сте избрани потребно е да пополните апликационен формулар од органиизацијата и тие може ќе побараат од вас да се сретнете, во живо или виртуелно. Доколку станува збор за група, може да добиете обука, совети и корисни информации пред заминување, како и поддршка за време на активностите додека сте во странство
Не зборувам одлично англиски, дали може сепак да учествувам?
Битно е да имате барем средно познавање на англискиот јазик затоа што работната програма е целосно на англиски.
Дали учеството е бесплатно?
Да. Во повеќето случаи учеството е бесплатно. Освен тоа водејќи се според правилата на програмата, сместувањето, храната и дневните потреби на проектот се покриени од организаторот. Авионските, автобуските и возните билети за патување. Понекогаш билетите можат да чинат малку повеќе од она што е предвидено во калкулаторот за далечина и можеби лицата ќе треба да си платат разликата сами. Во некои случаи организациите можат да аплицираат за партипацијата, но тоа е реткост.
Што НЕ претставуваат мобилностите за младински работници?
- академски студиски патувања
- активности кои имаат за цел остварување на финансиска добивка
- активности кои може да се класифицираат како туристички
- патување за користење на одмор
- јазични курсеви
- тури за претстави
- статутарен состанок на организации
- политички собири
- работни кампови