Светската социо-економска криза предизвикана од коронавирусот Ковид-19 создаде нестабилна подлога за младите работници означувајќи го почетокот на новата „генерација на изолација“. Пандемијата придонесе за драстично разнишување на животната сигурност, а младите се соочија со повеќеслоен егзистенцијален шок и станаа најголемата жртва на Ковид-19. Стапките на невработеност поттикнати од пандемијата се многу повисоки отколку стапките кои ги предизвика глобалната економска криза во 2008 година.
ЦЕТ платформа во овој билтен ги анализира и следи социо-економските промени во светот, Европската Унија и Северна Македонија кои се последица од негативните ефекти предизвикани од коронавирусот Ковид-19. Нашата заложба е да ги поттикнеме младите во време на криза да се соочат со предизвиците и да се адаптираат на новите економски услови и стекнат знаење за значењето од остварување и заштита на работничките права.
Билтенот е дел од проектот „Заштита на младите работници во време на Ковид-19“ преку кој ќе ги мотивираме младите да ја разберат важноста од социо-економската сигурност која се гарантира со регулиран работен однос, но и за несигурноста и последиците кои произлегуваат од нетипичната работа. Проектот цели кон сервисирање на младите луѓе од 15 до 29 години со потребни информации за заштита и унапредување на работничките права, како и зајакнување на младинското учество и иницијативност за време на кризата предизвикана од Ковид-19.
Проектот е финансиски поддржан од Агенцијата за млади и спорт.
2 коментари