„New Image“ е првата епизода од документарниот минисеријал #Covidmembrance чија основна тема е заштитната маска.
Ако порано маски се носеа само во најзагадените градови во светот, последниве две години се носат речиси до времето за спиење. Штитат ли од пренесување на КОВИД-19 вирусот? Како луѓето се чувствуваат со нив? Зошто ги носат? Зошто некои се адаптираа брзо, а некои се уште одбиваат да ги носат? Како дојдовме до трендот да бидат и модел детал?