Што би направил ти кога би се борел директно за својот или животот на твој најблизок? Дали мислиш дека си имун на КОВИД-19? Дека баш тебе и твоите најблиски, глобалната пандемија ќе ве заобиколи?
Михаило Донев воопшто не очекувал дека ќе го загуби својот татко, за кој во третата епизода од документарниот минисеријал #Covidmembrance, сведочи дека се работи за здрава личност без цигара и капка алкохол во својот систем. Трката со времето и парите, трнливиот пат и директното соочување со коронавирусот – опишани низ лично искуство.
Експертите пак, ги објаснуваат психолошките процеси во „From Doubters to believers“.