Втората епизода од документарниот минисеријал #Covidmembrance, насловена „Fearing Other“, во нарацијата на соговорниците кои се дел од работните гранки кои не можеа да престанат со работа и во време на каранатин, го портретира стравот од личен, но и опсерваторски аспект.
Како изгледаше еден работен ден на пазарџија? Како таксист го поминуваше денот? Како стоматолозите работеа на неколку сантиметри од главните органи на трансмисија? Како функционираа работниците од други дејности кои беа во служба на исплашениот клиент? Видео меморијата од оваа нарација, отвора призор и кон можните последици со кои човекот ќе се соочува пост-пандемиски.
“Возев патничка која кивна во такси возилото. Не паметам кога последен пат толку сум се исплашил во животот”, вели еден од нашите соговорници, што служи како потсетување на стравот во кој живеевме на почетокот од пандемијата.