- Затоа што сакам да помогнам на млади, мотивирани и компетентни млади луѓе да организираат корисни и професионални активности за младите и доброто на заедницата
- Затоа што знам дека некому му е потребна помош
- Затоа што можам, сакам и знам да помогнам
- Затоа што знам дека проблемот со кој денес се соочува другиот, утре може да биде проблем на моите најблиски
- Затоа што сум свесен дека во заедницата сите сме нераскинливо поврзани и дека сме дел од проблемите, но и дел од решенијата
- Затоа што знам дека само ако сите сме вклучени, заедницата може ефективно да ги решава проблемите
- За да ги поттикнам и другите да размислуваат позитивно, да се вклучат во решавањето на проблемите на заедницата и да дадат придонес за развој на поразвиено, поправедно и поуспешно општество
- Затоа што на тој начин потврдувам дека сум активен член на заедницата на која и припаѓам и се грижам за работите што се случуваат во неа
- Затоа што од општиот успех на заедницата зависи и мојот личен и успехот на мојата организација